Дамите примија гол во финишот за нов пораз од Косово

Македонската женска репрезентација доживеа и втор пораз на пријателските мечеви со Косово, попладнево со 0:1.

Со подобро издание од првиот натпревар што го загубија со 1:3, македонските репрезентативки сепак не успеаја да забележат поволен резултат, а загубија во финишот со гол примен во 84. минута.

Подготвителните натпревари со Косово имаа за цел да се провери квалитетот и на дел од репрезентативките што ќе бидат приклучени во националната селекција за следниот циклус на квалификации за ЕП, што ќе се играат идната година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести