Дамите во Хрватска ја загубија битката за Неретва (Фото)

Неверојатен биланс само од еден постигнат гол и дури 90 примени има женската екипа на Неретва во Првата лига на Хрватска.

Само за 8 кола успеаја да примат едно чудо голови, или во просек над 11 по меч, што е невиден биланс досега во европскиот фудбал.

After 8 matches played, ŽNK Neretva(Croatian Women’s First League) sit bottom of the table with 1 point and goal difference of 1:90! from soccer

Највисокиот пораз им е од Осиек со 25:0 во шестото коло, а од Сплит загубија два меча со вкупна гол-разлика од 34:0.

Единствениот момент што девојките од женскиот клуб Неретва ќе го паметат по добро во досегашниот тек од првенството е ремито без голови со ЖНК Донат, екипа што е претпоследна на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести