Дамјан Стојановски како во најдобрите времиња, МЗТ тешко го победи ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром го совлада жилавиот ТФТ со 91-78 во меч од првата кошаркарска лига на Македонија, па сега Металците во домашното првенство имаат биланс 4-3. МЗТ убедливо ја доби првата четвртина, со иста мерка ја загуби втората, а кога се одлучуваше, аеродромци беа подобри од тафталиџани.

Дамјан Стојановски со 30 поени и 7 скока беше најдобар поединец на средбата, имаше и седум скока. Покрај него, важни улоги во победничкиот тим имаа и Крстевски, Карачиќ, Магдевски и Олуџоби. Кај ТФТ, кој има три порази во десет меча, се истакнаа Американците Смит и Херис, кои направија дабл-дабли.

- Оглас -

Најнови вести