Феноменална дамска петица во Русија – Нели е велемајстор за фудбал, конкурира за „Пушкаш“ (Видео)

Нели Коровкина постигна брилијантен гол со петица за Локомотив Москва со кој комотно може да конкурира за најубав во 2020 година.

Коровкина доби топка во шеснаесетникот на Звезда-2005 и од зад грб без да го гледа противничкиот гол со удар со петица постигна прекрасен гол.

[Women] Lokomotiv Moscow [1] – 0 Zvezda-2005 – Nelli Korovkina 42′ (Brilliant Goal) from soccer

Локомотив бие битка за титулата со ЦСКА Москва, а Коровкина е втор стрелец во Лигата со 8 гола. Нели е репрезентативка на Русија и денеска играше за својата репрезентација против Косово во победата од 3:0.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести