Дани Алвеш: Жалам што во 2017 година не потпишав за Манчестер сити

Најтрофејниот фудбалер во историјата, бразилскиот десен бек Даниел Алвеш, кој во моментов е член на Сао Пауло, призна дека жали што пред четири години не направил трансфер во Манчестер сити. Тоа лето Дани го напушташе Јувентус, но ја прифати понудата на Пари Сен Жермен и прејде во францускиот тим каде беше соиграч со Нејмар, иако имал шанса да заигра во Сити.

„Жалам што не се преселив во Манчестер сити во 2017 година и што не работев повторно со Гвардиола. Убаво ми беше во ПСЖ, освоивме шест трофеи, приказната која ја живеев таму беше неверојатна, но работењето со човек како Гвардиола ќе беше одлично за мене“ – изјави легендата Алвеш кој со Сао Пауло има договор до 2022 година.

Во тоа лето 2017 година, Сити на десната бековска позиција го купи Кајл Вокер. Ако Бразилецот станеше Граѓанин, којзнае во кој правец ќе одеше кариерата на Вокер.

- Оглас -

Најнови вести