Дани Карвахал ќе игра за Депортиво Ла Коруња?

Дани Карвахал испиша златни страници во историјата на Реал Мадрид освојувајќи шест титули во Лигата на шампионите и четири шампионски трофеи во Ла Лига. Но, по завршувањето на минатата сезона, искусниот десен бек остана без нов договор и како слободен агент е во потрага по нов клуб.

Триесет и четиригодишниот поранешен шпански репрезентативец е на радарот на неколку екипи, но неговата желба е да остане во Европа, пред сè поради семејството. Според шпанските медиуми, Карвахал би сакал кариерата да ја продолжи во својата татковина, а сериозен интерес за неговите услуги покажува Депортиво Ла Коруња.

Тимот кој по осум години повторно се враќа во елитното друштво на шпанскиот фудбал сака да го засили одбранбениот ред со искусен и докажан фудбалер. Во клубот веруваат дека Карвахал би можел да биде едно од клучните засилувања во борбата за опстанок во Ла Лига.

Конечната одлука е во рацете на искусниот дефанзивец. Тој сè уште ги разгледува понудите што ги има на маса, но според информациите од Шпанија, постои реална можност легендата на Реал Мадрид од следната сезона да го носи дресот на Депортиво Ла Коруња и да остане дел од шпанската елита.

- Оглас -

Најнови вести