Дарко Радуловиќ брзо најде нов клуб, ќе биде главен во Башкими

Неодамнешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ, не остана долго време без ангажман. Стратегот кој доби отказ од македонскиот првак по загубеното финале во Купот сега ќе работи во соседно Косово.

Радуловиќ е назначен за нов тренер на Башкими од Призрен и за првпат во кариерата ќе биде стратег на еден тим од странство. Башкими моментно е на шестото место на табелата, а Радуловиќ ќе има задача да ја подобри играта на тимот.

Во Косово работи и Марин Докузовски кој е тренер на Пеќ.

- Оглас -

Најнови вести