Давид Силва откри зошто го одбра Реал Сосиедад пред Лацио

Реал Сосиедад доби суперквалитетно засилување во Давид Силва, кој во следните две години ќе игра во шпанската Ла Лига првпат по 10 години пауза. Легендата на Манчестер сити откри зошто ги одбра токму Баскијците, иако се очекуваше негов ангажман на „Олимпико“ во редовите на Лацио.

„Пред сè, сакам да ги поздравам навивачите на Сосиедад и да им ветам дека ќе дадеме сè од себе да ве израдуваме со трофеи во периодот додека сум тука. Реал Сосиедад игра одличен фудбал, атрактивен за гледање, што за мене беше многу важно при изборот. Иако имав повеќе понуди, стилот на игра на Сосиедад најмногу ми одговараше, па затоа и завршив тука“, посочи ексфудбалерот на Валенсија.

Лацио во меѓувреме реагираше остро што Давид Силва ги остави на цедило. Искусниот играч за врска се имаше договорено со Небесносините на тригодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона, меѓутоа неколку дена не одговараше на нивните повици пред да изненади со изборот да заигра на „Аноета“.

- Оглас -

Најнови вести