Де Хеа потврди дека е најголем киксер во Премиерлигата (Видео)

Вотфорд за првпат сезонава извојува победа на домашен терен во Премиерлигата, го изненади Манчестер јунајтед со 2-0, а двата гола паднаа за четири минути, во периодот од 50 до 54-та минута од средбата. Вотфорд е последен на табелата и ова за нив е само втора победа сезонава.

Водечкиот гол кој го постигна Сар, всушност и не требаше да биде гол, топката бавно одеше кон мрежата, но неверојатниот кикс на голманот Давид Де Хеа помогна топката сепак да заврши таму каде што посакуваа домашните. Уште не можеа да се соземат од шокот, а Ѓаволите направија пенал кој го реализираше Дини.

Единствена добра вест за Манчестер е што  по подолго време на терен се појави Погба, но и тој не можеше да го смени резултатот. Јунајтед имаше 11 победи на претходните 12 меча со Вотфорд, но благодарение на Де Хеа, таа убава традиција е прекината. Од почетокот на минатата сезона наваму, Де Хеа е директен виновник за шест примени голови на неговиот тим, и во овој период, ниту еден друг голман во Премиерлигата нема толку голем број на киксови.

https://www.youtube.com/watch?v=KP_D6xR1n0c

- Оглас -

Најнови вести