Де Јонг е човек за големи нешта, погодува само на најважните мечеви

Холандскиот напаѓач Лук де Јонг има скромна бројка од 8 голови на 45 настапи, од него се очекуваше почесто да ги тресе противничките мрежи, но тој во дресот на Севилја се наметнува како фудбалер за големи мечеви.

Де Јонг вечерва даде гол, и тоа победничкиот против Манчестер јунајтед, со што ја однесе Севилја во финалето на Лигата на Европа. Ова не му е првпат да даде важен погодок сезонава, туку често го прави тоа. Успеа да ги совлада голманите и на градскиот ривал Бетис, на Реал Мадрид и на Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести