Де Јонг против Де Јонг на „Камп Ноу“

Летово двајца холандски фудбалери со презиме Де Јонг потпишаа за шпански клубови, а денеска тие ќе се сретнат и ќе играат еден против друг. Френки и Лук не се роднини, и своето ривалство од Холандија (едниот играше за Ајакс, другиот за ПСВ) го преселија и на Пиринејскиот полуостров.

Лук е постар, има 29 години игра како напаѓач. Тој во Севилја дојде од ПСВ Ајндховен, каде даде 27 гола во минатата сезона во холандската лига и беше втор стрелец. Даваше голови и против Ајакс на Френки. Лук Де Јонг е играч во кој тренерот Лопетеги има голема доверба, иако засега Лук не дава голови како што се очекуваа од него.

Френки кој има 22 години, во минатата сезона воодушеви со игрите во Ајакс, и сега е еден од столбовите на моќниот среден ред на Барселона. Тој даде еден гол во Примера.

- Оглас -

Најнови вести