Де Лихт ќе си ја признае грешката и ќе си замине од Јувентус?

Матајс де Лихт минатото од Ајакс премина во Јувентус и требаше да биде столб на одбраната на Старата дама во следните можеби десетина години, но наместо тоа, честопати беше резерва и играше само кога Кјелини или Бонучи беа повредени, па дури и тогаш Демирел имаше предност. Очекувањата од Де Лихт се тој за некоја година да стане најдобар дефанзивец на светот, но во дебитантската сезона во Јуве не се прослави.

Јуве даде многу пари за да го купи Де Лихт и засега таа инвестиција не се исплати. Де Лихт честопати вели дека не жали што го одбра италијанскиот првак, иако имаше и други убави понуди. Сепак, има шпекулации дека ако Јуве добие добра понуда, би го продал Де Лихт. Ситуацијата будно се следи во Манчестер. Јунајтед откако лани се потроши купувајќи го Хари Мегваер, наводно би ја засилил дефанзивата со уште еден сличен играч, Де Лихт, и нема да жали пари.

Агент на Де Лихт е Мино Рајола, кој не е во најдобри односи со Црвените ѓаволи со кои е во конфликт поради Пол Погба.

- Оглас -

Најнови вести