Де Лихт: Роналдо е „предатор“ во шестнаесетникот

Јувентус ќе ја има предноста на домашен терен во реваншот против Ајакс, но и резултатот е на нивна страна. Гол во гости е многу важен, меѓутоа „копјаниците“ беа достојни на предизвикот и јасно е дека нема да се предадат ниту во повратниот дуел во Торино.

Капитенот на Ајакс, Матајс де Лихт е задоволен од настапот на неговите соиграчи, а имаше само пофални зборови за Роналдо, стрелецот на голот за Јуве.

„Покрај тоа што Роналдо е исклучително квалитетен играч и поседува огромен талент, тој е предатор во казнениот простор. Штом забележи и најмал простор, најмала дупка во одбраната, тој го користи тоа. Неверојатно е колку е брз, при голот претрча двајца играчи без никаков проблем. Што се однесува до самиот меч, ние имавме доста шанси кои не ги искористивме. Сепак, докажавме дека не сме случајно во оваа фаза. Имаме тим со огромен потенцијал, покажавме дека можеме да се надигруваме со секого“, истакна Де Лихт по мечот.

Реваншот на „Алијанц стадионот“ е закажан за 16 април (вторник), со почеток во стандардниот термин од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести