На Де Лихт успешно оперирано рамото, Јуве се раздели со Матуиди

Јувентус потврди дека операцијата на Матајс де Лихт на десното рамо помина успешно, по што на дефанзивецот ќе му бидат потребни три месеци за целосно да закрепне. Тоа значи дека Де Лихт ќе го пропушти стартот на новата сезона, но ќе му олесни што го реши проблемот со кој долго време се мачеше.

Де Лихт чекаше да заврши актуелната сезона пред да се согласи на хируршки зафат, па конечно го стори тоа по елиминацијата на Јуве во осминафиналето од ЛШ. Болките му се појавија уште во ноември минатата година, па стоперот играше повреден во вториот дел од сезоната.

Во меѓувреме, италијанскиот првак и официјално се раздели со Блез Матуиди, кој отсега, па во следните три сезони ќе ги брани боите на американската франшиза Интер Мајами, која ја поседува Дејвид Бекам.

- Оглас -

Најнови вести