Де Лихт: Во првите денови во Јуве бев како дете во продавница за бонбони

Холандскиот дефанзивец Матајс де Лихт изјави дека кога за првпат влегол во соблекувалната на неговиот нов клуб Јувентус, се почувствувал како мало момче во продавница за бонбони.

Де Лихт премина од Ајакс во редовите на Старата дама од Торино минатото лето, но на почетокот имаше тешкотии со адаптацијата на италијанскиот фудбал.

„Кога за првпат влегов во соблекувалната на Јуве, бев како дете во продавница за бонбони. Го гледам Буфон, тука е Роналдо. Ми беше тешко на почеток бидејќи веднаш се најдов во центарот на вниманието. На вториот меч си дадов автогол и притисокот стана уште поголем. Често играв со рака во нашиот 16-ник, како да имав магнет за топка на рацете. Имав проблеми и со зонската одбрана која ја користи Јувентус. Во Ајакс бев навикнат на персонална одбрана, да чувам човек. Но, веќе се адаптирам кон стилот на екипата и како што одминуваат мечевите, се чувствувам подобро на теренот” – рече Де Лихт, за кого има шпекулации дека може да биде продаден.

- Оглас -

Најнови вести