Де Роси не се снајде во Бока – Легендата се збогува со фудбалската кариера

Даниеле де Роси најави дека ќе ја заврши фудбалската кариера на 36-годишна возраст, а секако го напушта аргентинскиот гигант Бока јуниорс.

Некогашниот капитен на Рома не се снајде добро во клубот од Буенос Аирес, а најави дека ќе ја заврши фудбалската кариера.

„Не знаеме што точно се случува со Даниеле. Можеби не му е удобно во Буенос Аирес. Ние сторивме се за да го прифатиме каоо наш член. Ќе видиме, не изненади со одлуката да го напушти клубот, а најави и крај на фудбалската кариера“ објавија од сегашниот клуб на Де Роси.

Претседателот на Бока јуниорс, Хорхе Амеал најави прес-конференција за вечерва, а веријатно една од темите ќе биде статусот на Де Роси во клубот.

Даниеле долго играше само за еден клуб, за Рома, чиј член беше од 2001 до 2019 година, а потоа се пресели во Бока јуниорс и како што вели си го оствари сонот да настапува за аргентинскиот гигант. Утринава тренираше со соиграчите, но и соопшти дека си заминува и дека ја завршува богата фудбалска кариера.

Со селекцијата на Италија го освои и пехарот на Мундијалот во 2006 година и има 117 настапи со 21 постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести