Вкупно осум меча се одиграа досега на Светското првенство 2026 година, а очекувано најмногу настапи има од европските селекции. Дури пет репрезентации од Стариот континент го одиграа првото коло, но тоа што е забележително е дека резултатите се разочарувачки. Два порази, две нерешени и само една победа имаат европските селекции досега.
Чешка водеше против Јужна Кореја, но на крајот загуби со 2:1. Поразена е и Турција и тоа ос Австралија со 2:0. Швајцарија и Босна и Херцеговина се селекциите кои може да жалат што не започнаа со победи. Швајцарците беа фаворити и водеа со 1:0 против Катар, но примија гол во 90+4 минута и средбата заврши 1:1. Речиси слична ситуација беше и на мечот на кој Босна и Херцеговина имаше предност од 1:0 против домаќинот Канада, но во финишот на средбата прими гол и дуелот заврши нерешено.
Единствена селекција која ја спаси честа на Европа по досега одиграните дуели е Шкотска. Тие едвај, со минимални 1:0 го победија еден од најголемите аутсајдери на турнирот, селекцијата на Хаити.
Според распоредот на мечеви, вечерва ќе играат уште три европски репрезентации кои треба да го поправат впечатокот.

