Дебаклот од Хибернијан му пресуди на тренерот на Миовски

Управата на шкотскиот премиерлигаш Абердин, вечерва му врачи отказ на тренерот Џим Гудвин.

Абердин за кого настапува македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски ѝ е најдобар стрелец на тимот, денеска во рамки на Премиер лигата загуби со убедливи 6:0 од Хамилтон и го претрпе четвтриот пораз во низа.

Лошата серија започна со поразот од Ренџерс во Лига купот, по што следеше петардата од Хартс во Премиер лигата. Минатата недела, Абердин беше елиминиран и во шкотскиот ФА куп и тоа од аматерскиот тим Дарвел.

„Поради неприфатливата серија порази по паузата од СП, Абердин ја прекина соработката со тренерот Џим Гудвин и првиот асистент Ли Шарп“, соопшти шкотскиот премиерлигаш.

- Оглас -

Најнови вести