Дефинитивно: Коронавирусот ги одложи и Олимписките игри

„Олимписките игри во Токио се одложени за 2021 година“, е дефинитивната одлука на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и јапонскиот премиер Шинзо Абе. Глобалниот спортски настан беше планиран да започне на 9 јули и да трае до 24 август, меѓутоа текот на настаните со Коронавирусот ги натера организаторите на Олимпијадата да преземат вакви мерки.

„Предложив Игрите да се одложат за следната година и 100% се согласија со мојот предлог“, изјави Абе по разговорот со Томас Бах, претседателот на МОК.

Пандемијата со вирусот Ковид-19 претходно ја принуди УЕФА да реагира на ист начин и да го одложи ЕП за следната година, а иста судбина го снајде и јужноамериканското фудбалско првенство. Воедно, одложени се и Параолимписките игри за следната година, кои требаше да се одржат од 25 август до 9 септември.

- Оглас -

Најнови вести