Дефинитивно се смирија: Чеферин утре ќе седи до Перес и ќе гледа Реал – Баерн

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, најголемото дерби во четвртфиналето на Лигата на шампионите на два тима кои заедно имаат 21 европска титула и никој нема повеќе мечеви од нив во елитното натпреварување, ќе го следи и првиот човек на европскиот фудбал, Александер Чеферин. 

Ова е вест затоа што тоа е знак дека дефинитивно дошло до помирување на Реал и УЕФА откако Кралскиот клуб се откажа од Суперлигата. Дојде и моментот кога и Реал Мадрид ќе ги отвори вратите на својот стадион за претседателот на УЕФА.

Чеферин утревечер ќе биде покрај Флорентино Перес во претседателската ложа на „Бернабеу“ во Мадрид, а таму ќе биде и претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузан. Се очекува да дојдат уште неколку претседатели. 

Самиот Чеферин неодамна на последниот конгрес на УЕФА рече дека не му е проблем да се врати на стадионот на Реал.

„Враќање на Бернабеу? Секако, зошто да не. Веќе одам во Париз, Милано или Барселона. Нема проблем“.

- Оглас -

Најнови вести