Дејан Станковиќ се согласил да стане тренер на Сампдорија, но има една пречка

По вчерашниот пораз од Лацио, Сампдорија сериозно размислува да го смени тренерот Роберто Д’Аверса, а фаворит за преземање на кормилото бил Србинот Дејан Станковиќ.

Сепак, има една голема пречка за реализација на договорот со Станковиќ: тој има договор со Црвена ѕвезда и неговиот сегашен клуб не сака да го ослободи.

Сампдорија во следното коло игра градско дерби против Џенова, па останува да се види дали Италијанците ќе ја убедат (со доволно богата отштета) Ѕвезда да се раздели со популарниот Деки. Станковиќ пред некој ден рече дека би сакал да остане во Црвена ѕвезда до мај и да освои титула, но „сигурен е дека еден ден тој и клубот ќе треба да се разделат и секој да оди по својот пат“.

- Оглас -

Најнови вести