Дејвид Мојс уште ја сонува првата гостинска победа на „Театарот на соништата“ (Видео)

Традицијата е нешто што постои за да биде урната, но често претставува проблем за тимот кој се бори против неа, а таков е и случајот со Вест Хем и нивниот тренер Дејвид Мојс кога гостуваат на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед. Манчестер вечерва победи со 1-0, со автогол на Крег Досон.

Мојс кој е поранешен менаџер на Манчестер, по 15-ти пат во кариерата им гостуваше на Црвените ѓаволи и има 11 порази и четири порази. Интересно е што Манчестер претходно имаше две победи во иста сезона против Вест Хем во 2013/2014, кога на клупата на Јунајтед седеше токму Мојс.

Ова беше 50-ти премиерлигашки дуел на овие два тима, Јунајтед дојде до 30-тата победа, Чеканите се радувале само седум пати. Вест Хем не знае за победа на 13 лигашки гостувања по ред на „Олд Трафорд“. Кај Вест Хем не играше Џеси Лингард, поради правилото во Англија дека играч кој е позајмен, не смее да игра против клубот со кој има договор.

Ова е единствениот гол на мечот, по кој тимот од Манчестер се врати на второто место на табелата:

https://www.youtube.com/watch?v=XHkz5PuziLg

- Оглас -

Најнови вести