Делфин ќе исплива без пораз во Гвајакил

Шапекоенсе – Коринтијанс (Бразил, Серија А, 00.15 часот)

Двете екипи со исти амбиции ќе атакуваат на три бода, што сега им значат многу. На едните за задржување на шансите за титулата во Бразил, а за другите за продолжување на надежите за опстанок.

Коринтијанс моментно е на четвртата позиција со 38 бода и ако победи, ќе се израмни со Сантос на третото место и ќе продолжи да бие битка за титулата. Имаат мини-серија од две победи и се фаворити против последнопласираниот Шапе.

Домаќините веќе и немаат избор и мора ја прекинат серијата од шест меча без победа за да ги подобрат тенките шанси за опстанок.

Ноќеска на „Конда арената“ ќе нема калкулации, па ќе одиграме на голови.

Предлог тип: ГГ (2.45)

 

Атлетико Минеиро – Васко де Гама (Бразил, Серија А, 00.15 часот)

Атлетико со судни маки ја победи Сеара во минатото коло и ја прекина серија од шест порази по ред во бразилското првенство. Сè уште ги пече елиминацијата на пенали од Колон во полуфиналето на Копа Судамерикана, но сега целта е да се победи Васко де Гама и да се направи исчекор кон позициите што водат во Копа Либертадорес.

Домаќините се уморни, а имаат и повредени играчи, па нема да биде лесно против екипа чија форма е во нагорна линија.

Атлетико ќе игра без Жаир, Бланко, Мартинес и Виктор, што е хендикеп во ситуација кога имаат пеколно темпо во распоредот со натпревари.

Васко стартуваше многу лошо во шампионатот, но работите се поправија откако познатиот Вандерлеј Лукшембурго го презеде кормилото. Поранешниот селектор на Бразил ја стабилизира екипата и сега Васко има шанси да атакува на места што гарантираат квалификации за настап во Копа Судамерикана.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.65)

 

Толука – Веракруз (Куп на Мексико, 01.10 часот)

Ова е реприза од дуелот што се играше пред три дена во шампионатот на Мексико и кој во бурна завршница заврши нерешено, 1:1.

Толука со гол во последните моменти израмни и спречи Веракруз да ја прекине најдолгата серија без победа во историјата на фудбалот, која сега брои 38 натпревари.

Ноќеска ќе се игра во Купот на Мексико и улогите ќе бидат сменети бидејќи Толука е домаќин. Имаат две победи во групата со три екипи, па овој и следниот дуел со Веракруз ќе одлучува која екипа ќе игра во следната фаза, а оди само првопласираниот тим.

Толука има подобар состав и ќе ја искористи страшната криза на тимот за кој во финишот на минатиот век играше нашиот поранешен репрезентативец Саше Милошевски.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.20)

 

Барселона – Делфин (Куп на Еквадор, 02.30 часот)

Барселона бие битка на два фронта, а поблиску е до пехарот во националниот куп на Еквадор отколку до титулата во првенството.

Најтрофејната екипа во Еквадор заостанува за шест бода во домашниот шампионат зад Макара и ќе ѝ треба подвиг за нов трофеј во првенството.

Во Купот завршија голема работа во претходната фаза, кога го елиминираа големиот ривал Ел Насионал и сега се фаворити за финале во двомечот со Делфин.

Сепак и ривалот е одличен сезонава, се наоѓа на четвртата позиција во еквадорското првенство, а не е без шанси и за финале во Купот, иако противник е големата Барселона.

Барселона има многу подобар меѓусебен биланс во дуелите со Делфин и има серија од пет меча без пораз. На последниот дуел што го играа на 14. септември, Барселона победисо 2:1 на гости, откако домаќините си постигнаа два автогола. Ова ќе биде неизвесен и возбудлив двомеч за финале.

Предлог тип: Х (2.85)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести