Денешните мечеви во Англија, Франција, Шпанија и Германија завршија во ист стил

Саутемптон  и Лестер одиграа 1:1 во дуел од англиската Премиер лига, а со ист резултат заврши и средбата меѓу Олимпик Марсеј и Стразбург во Франција. Селта во Виго со 2:0 го победи Леванте, во чии редови стартер беше Енис Барди и одигра 68 минути.

Во Купот на Германија, Вердер Бремен и Лајпциг по основните 90 минути одиграа без голови, со што стана јасно дека добитна комбинација за сите четири средби од елитните најсилни фудбалски земји во Европа, требало да се одиграат со 0-2 голови.

Едноставно стрелците не беа расположени вечерва за погодоци, па Лестер иако 80 минути имаше играч повеќе, се спаси од пораз на гости кај Саутемптон. Олимпик дома беше фаворит против Стразбург, но губеше со 0:1 и израмни со гол во 86 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести