Денеска голманите во Серија А честат со голови, Проведел му подари предност на Јувентус (Видео)

Јувентус води со 1:0 по првото полувреме против Лацио, а голманот на гостите, Иван Проведел, со погрешна проценка му подари погодок на Мојзе Кен.

Напаѓачот на Јувентус го искористи неочекуваното излегување на Проведел надвор од шеснаесетникот и само го лобуваше голманот на Лацио во 43-тата минута.

Тројца фудбалери на Лацио се обидуваа да го спречат Кен да погоди, но Проведел му ја олесни работата со излегување далеку од голот.

Претходно и на мечот меѓу Милан и Фиорентина клучна грешка направи голманот на гостите, Пјетро Терачано, кој ја промаши топката во дуел со играч на Милан во 92-рата минута, а потоа таа го погоди Никола Миленковиќ за автогол и за победа на Росонерите со 2:1. 

Голот беше потврден и со помош на ВАР, кој утврди дека немало фаул над Терачано, голман кој беше вистински трагичар за пораз на Виолетовите во последните мигови.

 

- Оглас -

Најнови вести