Денеска може да биде најцрниот ден за ФК Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, денеска може и официјално да ја загуби битката за опстанок и да испадне од Прва лига. Клубот кој има 12 титули во македонското првенство досега никогаш нема испаднато од елитното друштво, но ако денеска не освои три бода, речиси сигурно е дека нема да има спас.

Вардар попладнево ќе гостува кај Струга Трим Лум, терен на кој домаќините имаат само еден пораз сезонава во 16 меча (осум победи и седум нерешени). Струга ТЛ се бори за излез во Европа, па сигурно ќе атакува на трите бода. Црвено-црните имаат 31 бодови, четири помалку од Академија Пандев и Ренова, кои се на позициите што носат разигрување во плејаутот.

Академија Пандев ќе игра со градскиот ривал Беласица која е испадната, додека Ренова ќе гостува во Велес против Борец.

Двојки за 32. коло (16 часот): Беласица – Академија Пандев, Борец – Ренова, Македонија Ѓорче Петров – Шкендија, Работнички – Силекс, Шкупи – Пелистер, Струга Трим Лум – Вардар.

 

- Оглас -

Најнови вести