Денеска на турнирот во Струга се играат два меча на кои не може да го утнете победникот

Најтрофејниот клуб во историјата на традиционалниот ракометен турнир во Струга, кој се одржува по 48-ми пат, скопскиот клуб Вардар, сега со додавката 1961, вечерва од 21.15 часот го игра својот прв меч на овој турнир со кој се прекина паузата во нашиот ракомет. Вардарци ќе играат против Охрид, а според квотите во Sport Life, јасно е кој е кој во овој дуел.

Предизвик за прогнозерите ќе биде да погодат дали вардарци ќе победат со повеќе од 10 голови разлика и колкав број голови ќе паднат на натпреварот, дали 57 или помалку, или 58 и повеќе. Охриѓани вчера славеа 25-24 против Бутел.

Пред дуелот на Вардар 1961 со Гладијаторите, Металург од 19.15 часот се среќава со Прилеп, а и тука квотите и границата е слична како за дуелот на скопјани и охриѓани. Тимот од скопската Автокоманда синоќа загуби со 22-24 во дербито со Еурофарм Пелистер, додека Прилеп триумфираше против Струга со 32-28.

Денешната програма на турнирот стартува со пресметката на Бутел и вториот тим на Еурофарм Пелистер.

 

- Оглас -

Најнови вести