Денеска продолжува едно од најсилните првенства во Европа

Пандемијата од корона-вирусот ги прекина речиси сите фудбалски првенства во светот, но речиси по три месеци пауза, полека се враќаат возбудувањата во најважната споредна работа во светот. Од денеска продолжуваат натпреварите во португалското првенство, кое не беше активно од 12 март.

Мечевите во Португалија ќе се играат зад затворени трибини, а вечерва има два меча. Првиот дуел е меѓу Портимоненсе и Гил Висенте, а потоа играат и Фамаликао и Порто. Токму Порто е лидер во првенството со 60 бодови, еден повеќе од Бенфика. Третопласираната Брага заостанува 14 бода зад лидерот, што значи дека трката за трофејот ќе биде меѓу двата поранешни европски прваци.

Сите мечеви од португалското првенство ги има и во понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести