Денеска во Софија слават и Левски и ЦСКА (Видео)

Денешниот датум, 17 март, со златни букви е запишан во историјата на бугарскиот клупски фудбал, бидејќи на овој ден, софиските ривали ЦСКА и Левски ги извојуваа веројатно најславните победи во нивните истории.

Во 1976 година, Левски ја совлада Барселона со 5-4, во реваншот од четвртфиналето на Купот на УЕФА. Барса дома победи со 4-0 и реваншот во Софија беше повеќе како формалност, но Левски во 10 минута поведе со 2-0, а на крај им даде дури пет гола на каталонците за кои играше и големиот Јохан Кројф. Левски e единствен тим кој не е од Шпанија, а постигнал пет гола против каталонците. На стадионот „Васил Левски“ имаше над 70.000 гледачи што е бугарски рекорд за посета на еден фудбалски меч.

Четири години подоцна, во 1982 година, ЦСКА во четвртфиналето на Купот на европските шампиони, го елиминираше актуелниот првак Ливерпул. Стојчо Младенов беше јунакот кој ги исфрли „црвените“. Англичаните го добија првиот меч со 1-0, а ЦСКА по 90 минути во Софија, врати со иста мерка. Се играа продолженија, во кои Младенов даде уште еден гол (во 101 минута), испишувајќи историја. ЦСКА потоа загуби од Баерн во полуфиналето, но триумфот над тим во кој играа Гробелар, Кенеди, Далглиш, Раш, Сунес и останатите, ќе се памети засекогаш.

- Оглас -

Најнови вести