Вечерва во НБА-лигата се играат вкупно девет меча и на ниту еден нема апсолутен фаворит, барем ако се погледнат коефициентите, каде што нема ниту еден фикс под 1.40. Актуелниот првак Денвер гостува кај Мајами, еден од омилените ривали на шампионот. Денвер има 10 победи во последните 11 средби против Жешките.
Далас и Голден стејт ќе играат меѓу себе во дуел на две екипи кои се борат за место во плејофот. Детроит има две победи во последните три меча, што е најдобар скор на овој тим сезонава. Пистонси имаат само 11 победи во 64 дуела, но овојпат на свој терен се фаворити против Торонто, кој врза четири порази по ред.
Традиционално, одлична е понудата и за бројот на поени на кошаркарите кои ќе се појават на паркетите низ НБА-лигата. Над 60 играчи се во опција за „плус-минус“ поени.