Денвер предводен од Јокиќ до конференциско финале, Филаделфија и Бостон ќе играат „мајсторка“ (Видео)

Екипата на Денвер е првиот финалист на Западната конференција откако ја забележа и четвртата победа против Феникс, овојпат со 100-125 на гостински терен.

Победникот беше решен уште во првото полувреме, кое со убедливи 78-51 им припадна на гостите од Денвер. Никола Јокиќ со 32 поени беше најефикасен на мечот, забележувајќи го и 11-тиот трипл-дабл, со оглед на тоа дека додаде и 10 скокови и 12 асистенции.

Филаделфија и Бостон ќе играат „мајсторка“ откако Селтикси забележаа гостинска победа од 86-95. Победникот на натпреварот беше решен во последната четвртина откако двете екипи се менуваа во водство во текот на целиот натпревар.

Ембид и Маси од Филаделфија беа најефикасни со по 26 поени.

- Оглас -

Најнови вести