Депај: Не успеав ни да се поздравам со Меси

Најголемото летно засилување на Барселона, холандскиот напаѓач Мемфис Депај, изјави дека адаптацијата во новата средина му оди добро и призна дека немал прилика да се запознае и да се поздрави со легендата на Каталонците, Лионел Меси, кој премина во ПСЖ.

„Сите во тимот се добри кон мене и со тоа ми беше олеснето прилагодувањето. Пике многу ми помага бидејќи добро зборува англиски. Се забавувам добро со Алба, а се разбира, Френки де Јонг и Дест ги знам од порано. Имаме одличен тим“, изјави Депај.

„Меси? Немав време да се запознаам со него. Тој се врати доцна по Копа Америка и не успеав ни да се поздравам со него“, додава Мемфис, кој од Лион премина во Барса по барање на тренерот Роналд Куман.

- Оглас -

Најнови вести