Дерби има подготвена замена за Лампард, со 10 милиони евра бонус го кани Џерард за тренер

Дерби Каунти му нуди бонус од 10 милиони евра на Стивен Џерард за да го замени на тренерската позиција некогашниот лут ривал од фудбалските терени, Френк Лампард.

Лампард имаше солидна сезона како тренер на популарните „овни“, но не успеа да се пласира со Дерби во Премиерлигата, па ќе си замине и неделава треба да биде промовиран како нов тренер на Челси.

Раководството на Дерби Каунти не се откажува од пласман во Премиерлигата, па сака уште една фудбалска величина на клупата. Џерард е прва и најесриозна опција, но треба да го раскине договорот со Глазгов Ренџерс.

Дерби ќе му понуди бонус од 10 милиони евра на Џерард, ако успее да го доведе клубот до Премиерлигата, а бонусот е ист како тој што му беше ветен на Лампард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести