Мегадерби уште на самиот старт на Бундеслигата

Бундеслигата и дефинитивно ќе започне со натпреварување во средината од мај, остана уште Фудбалската федерација да одлучи кој од датумите 15, 22 и 29 мај е најпогоден за рестарт на сезоната во шампионатите на Германија, a тоа ќе се знае утре. Тоа значи дека треба да се подготвиме, односно да се присетиме како стоеја работите пред прекинот на сезоната.

Пред хаосот со корона-вирусот, во Германија се одиграа 25 кола од најелитниот шампионат, а актуелниот првак Баерн Минхен ја имаше лидерската позиција на табелата со 55 бода, четири повеќе од Лајпциг, односно пет повеќе од Б. Дортмунд. До крајот остануваат уште девет кола, а трката за титулата и натаму е неизвесна и покрај предноста на Баварците.

Токму во првото коло од рестартот може половина од работите да се разрешат. Милионерите ги очекува дерби против Шалке 04, Баерн гостува во Берлин кај Унион, а Лајпциг го пречекува Фрајбург.

Баер Леверкузен оди на гости кај Вердер од Бремен, додека останатите средби од 26 коло се: Ајнтрахт Ф. – Б. Менхенгладбах, Фортуна Д. – Падерборн, Келн – Мајнц и Аугзбург – Волфсбург.

 

- Оглас -

Најнови вести