Дербито во Втората лига Исток беше кобно – Дарко Крстески си замина од Победа

Дарко Крстески си поднесе оставка и веќе не е тренер на Победа Прилеп. Еден од најуспешните и најпознати клубови во Македонија претрпе пораз во дербито на Втората лига Исток од Слога Виница со 1:2 што донесе и смена на кормилото.

Ова беше третиот чин од приказната во која е вклучен Крстески како тренер на Победа, а тој беше дел од стручниот штаб и пред една деценија како асистент и потоа во сезоната 2016-17 како главен тренер.

„По двата последни лоши резултати и поразите од Саса и Слога ја преземам одговорноста врз себе. На ФК Победа и посакувам успех во продолжение на сезоната во Втората лига-Исток и остварување на зацртаната цел-пласман во Првата лига“, рече 50-годишниот тренер и поранешен играч на Победа.
- Оглас -

Најнови вести