Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го финализираше списокот од 26 играчи за Светското првенство.
На листата фалат голманот на ПСЖ, Лукас Шевалие, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, и напаѓачот Рандал Кони Муани, и ова се трите најнеочекувани отсуства.
Франција е еден од фаворитите на Мундијалот, а титулата ќе ја брка со следните 26-мина (ако некој се повреди пред СП, смее да биде повикан друг играч):
Голмани: Мајк Мењан (Милан), Робин Рисер (Ленс), Брис Самба (Рен).
Одбрана: Лукас Дињ (Астон Вила), Мало Густо (Челзи), Лукас Ернандез (ПСЖ), Тео Ернандез (Ал-Хилал), Ибрахима Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Максенс Лакроа (Кристал Палас), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајо Упамекано (Баерн).
Среден ред: Н’Голо Канте (Фенербахче), Ману Коне (Рома), Адриен Рабио (Милан), Орелиен Чуамени (Реал Мадрид), Ворен Заир-Емери (ПСЖ).
Напаѓачи: Магне Аклиуш (Монако), Бредли Баркола (ПСЖ), Рајан Шерки (Манчестер сити), Усман Дембеле (ПСЖ), Дезире Дуе (ПСЖ), Жан-Филип Матета (Кристал Палас), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Мајкл Олисе (Баерн Минхен), Маркус Турам (Интер).


