Дешан не го виде Кристијано Роналдо на терен

Дидие Дешан е задоволен само од еден сегмент во играта на актуелниот светски првак Франција, по дуелот со европските шампиони, Португалците. Мечот заврши без голови, а од дербито се очекуваше повеќе, во офанзивниот дел.

„Секогаш може подобро, но со ваков противник мора да се игра повнимателно. Португалија има огромен квалитет и многу добри фудбалери на располагање. Од одбраната сум презадоволен. Одиграа одлично и не го видовме Кристијано Роналдо на терен“, изјави францускиот селектор.

Двете репрезентации се без пораз со по 7 бода во битка за првото место во третата група од А сегментот. На половина пат од натпреварите по групи зад нив е Хрватска со 3 бода,а Шведска веќе и нема шанси за подвиг на последното место со само еден бод на три натпревари.

Само првопласираната селекција има билет за финалниот турнир во Лигата на Нации што во премиерното издание го освои токму Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести