Дест стигна во Барселона, мини реванш на Каталонците против Баерн

Десниот бек Сержињо Дест од Ајакс преминува во Барселона. Веќе нема дилеми дека од двете примамливи понуди кои ги доби (од Барселона и Баерн Минхен), Дест ја одбра онаа на Барса. Веројатно соработката со холандскиот стручњак Роналд Куман и со Лионел Меси му беа попривлечни од тоа да игра за европскиот првак.

Американецот Дест, кој е роден во Холандија и има 19 години, синоќа пристигна на аеродромот во Барселона и се очекува денеска да ги мине лекарските прегледи, по што би го официјализирал договорот, кој се очекува да биде на пет години. Барса на Ајакс за талентираниот бек ќе му плати 20 милиони евра, со можност за плус пет во зависност од резултатите.

Дест ќе ја покрие празнината која се создаде со заминувањето на Нелсон Семедо, па му останува да се бори со Сержи Роберто за стартното место во тимот на Куман.

- Оглас -

Најнови вести