„Дете на Барселона“ ќе биде наследникот на Бензема

Еден од најталентираните напаѓачи во Европа, Икер Браво, пристигнува во Реал Мадрид. Браво во минатата сезона го носеше дресот на Баер Леверкузен, но германскиот тим се согласил да го даде 17-годишниот талент во Реал Мадрид.

Првично, Реал ќе го добие Браво на позајмица, а доколку ги задоволи критериумите на Кралскиот клуб, договорот може да биде откупен за вкупно шест милиони евра.

Според планот на Реал, Браво во првата сезона ќе игра во Кастилја, односно вториот тим на мадридскиот гигант. Тренер на овој тим е легендарниот Раул Гозалес.

Според шпанските медиуми, ако кариерата на Браво оди во насока која се очекува, за две-три сезони тој може да биде наследник на Карим Бензема.

Интересно е дека Браво е „дете на Барселона“. Уште на пет години тој заминал во школата на Барселона, каде што бил член дури 11 години, односно додека не наполни 16 години, кога и замина во Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести