Детето кое знаеше како да ги искористи двете секунди кои ги доби во ЛШ (Видео)

Јувентус славеше на гости кај Локомотив во Москва и на тој начин си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Засега со Јувентус сигурни се само уште и Пари Сен Жермен и Баерн Минхен, кои се единствените два клуба со перфектни 12 бодови од четири кола.

На дуелот во Москва, Даглас Коста го даде голот за победа, и тоа во 93-тата минута. Ако во самиот финиш беше вистинска драма, интересен момент се случи и пред почетокот на мечот, а во главна улога беше едно од децата кои стојат пред фудбалерите.

Момчето го искористи моментот кога камерата го даде токму него во кадар и со поздрав кој е карактеристичен за Пол Погба, покажа всушност кој е неговиот омилен играч. За жал на детето, Погба сезонава го нема во Лигата на шампионите бидејќи неговиот Манчестер јунајтед е дел од Лигата на Европа, а вечерва на „Олд Трафорд“ игра против Партизан.

 

- Оглас -

Најнови вести