Децата на Арсенал си поиграа со Стандард

Арсенал има супер талентирани играчи кои сè повеќе се наметнуваат за стандардни настапи во првиот тим, а вечерва прикажаа фудбалско шоу и го декласираа Стандард Лиеж со 4:0.

Габриел Мартинели само со 18 години беше вистински лидер на „Емирејтс“ вечерва и постигна два гола, комбинирани со една асистенција за Себалјос.

Гол постигна и 20-годишниот Џозеф Вилок, а асистенции имаа две години повозрасниот Кјеран Тирни и 19-годишниот Рејс Нелсон.

Убедлив беше и ПСВ Ајндховен на гостувањето во Норвешка и го декласира Розенборг со 4:1. Победи вечерва во последната сеанса мечеви од второто коло од Лигата на Европа забележаа и фаворитите Севилја, Лацио, Спортинг, Селтик, Хетафе и Ајнтрахт Франкфурт.

Резултати на мечевите од 21 часот: Арсенал – Стандард 4:0, Селтик – Клуж 2:0, Севилја – АПОЕЛ 1:0, Спортинг – ЛАСК 2:1, Краснодар – Хетафе 1:2, Лацио – Рен 2:1, Гимараиш – Ајнтрахт 0:1, Розенборг -ПСВ Ајндховен 1:4, Трабзонспор – Базел 2:2, Лугано – Динамо Киев 0:0.

Во тек е мечот меѓу Дуделанж и Карабах, кој беше прекинат во првото полувреме, откако на теренот слета дрон со знамето на Нагорно Карабах, а моментно по 75 минути игра гостите од Азербејџан водат со 4:0.

- Оглас -

Најнови вести