Дури девет натпревари се играат ноќеска во НБА лигата, а интересно е дека на дури пет средби, гостинските екипи имаат поголеми шанси за победа, барем според понудените коефициенти во Sport Life.
На мечевите на домашните екипи се во улога на фаворити, треба да има триумфи без некоја поголема мака. Најдобриот тим во Западната конференција Оклахома е апсолутен фаворит против Бруклин кој има само 15 победи во 54 меча.
Минесота е домаќин на Далас кој е во очаен ритам и има девет порази по ред, додека во градското дерби на Лос Анџелес, Лејкерс е фаворит за триумф над Клиперс, но не треба да се заборави дека Клиперс има три победи во последните четири средби со овој ривал.
Повеќе од 85 кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени и тоа е одлична шанса да се најдат вистинските комбинации.


