Девојка од Шкотска најде начин за сигурна добивка при обложување!

Натали Шарп е девојка која обожува фудбал, нејзин омилен тим е Килмарнок, а таа често и патува на мечевите на Килмарнок на гости. Така, Натали беше во Велс кога Килмарнок гостуваше кај Конас Куеј номадс во квалификациите за Лига Европа, а купи авионски билет и за Белград, бидејќи беше сигурна дека нејзиниот тим ќе игра против Партизан.

Но, Килмарнок дома беше шокиран од полуаматерите од Велс со 0-2, па нема ништо од патувањето во Белград. Авионскиот билет ќе пропадне, но тоа нема да ѝ падне толку тешко на Натали.

Таа се обложила против својот Килмарнок, уплатила 14,23 фунти на победа на Конас Куеј, и доби дури 298,83 фунти (квотата за победа на аусајдерот беше 20), сума која е далеку повисока од парите кои таа ги потроши за авионските карти до Амстердам и Белград.

„Запаметете деца, секогаш обложувајте се против својот тим ако сакате да се покриете кога предвреме купувате авионски карти пред да биде готова работата“ – напиша Натали.

- Оглас -

Најнови вести