Девојката на Болт е бремена, се чека раѓањето на кралот или кралицата на брзините

Кејси Бенет, девојката на најбрзиот човек на планетата, Јусејн Болт, е бремена и наскоро поранешниот спринтер од Јамајка ќе стане татко. Болт е светски рекордер на 100 и 200 метри, а Кејси, која со него е во врска пет години и му ги прости неверствата од олимпискиот камп во Рио 2016 година, работи како маркетинг-директор. Во едно неодамнешно интервју, Болт рече дека сака да има три деца.

„Само да кажам дека на пат е крал или кралица“, напиша 33-годишниот Болт и објави слика од 30-годишната Кејси која се држи за стомакот и се гледа дека е во поодмината бременост.

 

- Оглас -

Најнови вести