Џабар го препушти престолот, НБА има нов крунисан крал на стрелците: Леброн Џејмс! (Видео)

Кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс, стана прв стрелец во историјата на НБА-лигата откако рано утрово постигна 38 поени и го надмина легендарниот Карим Абдул Џабар, кој 39 години го држеше рекордот за којшто многумина мислеа дека никогаш нема да биде урнат.

Кралот стана крал на стрелците, историјата е испишана, но историскиот момент се случи на меч на кој Џејмс и клупските другари загубија. Езерџиите беа поразени од Оклахома сити со 130-133.

Леброн во НБА влезе во 2003 година, а само еднаш беше прв стрелец во лигата. Но, континуитетот и долгото играње на високо ниво му помогнаа да го надмине Џабар и да постави нова граница за идните генерации. Никогаш не го сметаа за врвен поентер, но Леброн ќе држи рекорд кој уште долго ќе биде актуелен. Ако игра и следната сезона, Леброн веројатно ќе стане и првиот со 40.000 поени во НБА.

Инаку, на Џејмс му требаа 36 поени за да стане прв стрелец, и тоа го направи за три четвртини.

Никола Јокиќ ноќеска за три четвртини направи трипл-дабл и придонесе за убедливиот триумф на Денвер против Минесота од 146-112.

Ова е кошот на Леброн Џејмс за историја:

- Оглас -

Најнови вести