Рано прекинаа, па први ќе почнат – договорен датумот за старт на новата сезона во Франција

Француската фудбалска федерација ги отфрли жалбите на Амиен, Тулуз и Олимпик Лион кои се против прекинот на првенството. Во Франција беше донесена забрана за секакви професионални спортски активности до 1 септември, па тоа автоматски значеше дека е прекинато и фудбалското првенство.

Челниците на федерацијата го прогласија Пари Сен Жермен за старо-нов шампион, додека Амиен и Тулуз како две најслабопласирани екипи испаднаа. Лион кој е дел од Лигата на шампиони и против Јувентус треба да игра во реваншот од осминафиналето, по повеќе од 30 години нема да игра во европските купови за следната сезона, затоа што во моментот на прекин на шампионатот беше на седмото место на табелата.

Интересно е што се појави шпекулација од сериозен извор дека е договорен датумот за старт на новата сезона и тоа е 23 август за Лига 1, додека второлигашите и тргнале еден ден порано. Ако е вистина, останува прашањето како ќе се игра кога забраната за собири и спортски мечеви е до 1 септември.

- Оглас -

Најнови вести