Џајиќ ги потцени Хрватите: Српската репрезентација е најдобра во регионот!

Новиот претседател на фудбалскиот сојуз на Србија, Драган Џајиќ, на денешниот тренинг на репрезентацијата на нашиот северен сосед им посака среќа на фудбалерите во квалификациите за ЕП 2024 и им порача дека е убеден дека се најдобри во регионот.

„Во Катар очекувањата можеби беа преголеми, но тоа да го оставиме во минатото. Повеќето ве познавам лично, некои сум ве гледал на телевизија, знам дека можностите ви се големи, имате страшен потенцијал. Убеден сум дека сте најквалитетна репрезентација во регионот“, рече Џајиќ, кој со говорот сакаше да ги охрабри Орлите.

- Оглас -

Најнови вести