Џамал Мусијала замина на операција по враќањето од Мундијалот

Играчот за врска на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, успешно мина низ помал хируршки зафат по враќањето во Минхен од настапот со германската репрезентација на Светското првенство. Интервенцијата била однапред планирана како дел од медицинскиот протокол по сериозната повреда што ја заработи минатото лето.

Од клубот посочуваат дека операцијата е рутинска и на Мусијала ќе му овозможи да ја спроведе претсезонската подготовка според прецизно утврден план, со цел целосно да биде подготвен за почетокот на новата сезона во дресот на Баерн.

Германија го заврши настапот на Мундијалот уште во шеснаесетфиналето, каде што беше елиминирана од Парагвај по изведувањето пенали. Мусијала настапи на сите четири натпревари, при што постигна еден гол и забележа една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести