Џани со случајна асистенција се оправда за големата утка, Лидс го потопи Барнли (цидео)

Езѓан Алиоски не се прослави со големото промашување во првото полувреме, но се оправда со случајна асистенција во убедливата гостинска победа на Лидс од 4-0 кај Барнли во мечот од 36-тото коло во Премиер лигата.

Македонскиот репрезентативец се најде во ситуација да се закани по голот на Пикок-Фарел, но правецот на топката го смени Херисон и погоди за 2-0 во 60-тата минута, откако Клих во финишот од првиот дел го отвори резултатот во корист на избраниците на Марсело Бјелса.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1393550591910203396

Родриго на двапати за само две минути ја тресеше мрежата на домаќините и ги постави убедливите 4-0, по што шпанскиот офанзивец се погрижи неговото влегување во игра да не биде неприметно.

Лидс со 16-тата победа сезонава стигна до 53 бода, два помалку од деветтопласираниот Арсенал, додека Барнли остана на 39 бода, па потврдата за опстанок во елитата ќе го бара во последните две кола.

- Оглас -

Најнови вести