Сега и на Гвардиола му е јасно – Џејми никако не се варди, Лестер го растури Манчестер сити (Видео)

Џејми Варди повторно потврди дека е најопасниот противник на Манчестер сити во ерата на Пеп Гвардиола, пак блескаше со хет-трик, а Лестер го декласира фаворитот со 5:2 на гостински терен.

Најдобриот стрелец на гостите постигна 3 гола по ред и експресно го заврте резултатот од негатива од 0:1 до 3:1 за својот Лестер.

Варди постигна и прекрасен гол со петица, изнуди и два пенали што сам ги реализираше и остана најефикасниот играч во Премиерлигата кога настапува против популарните Граѓани под команда на Пеп Гвардиола.

https://twitter.com/FutStephenA/status/1310260004251992068?s=20

Досега им даде 8 гола, над двапати повеќе од сите останати играчи во англиското првенство, кои погодувале против повеќекратниот шампион.

Џејми беше заменет во 85. минута, а Лестер постигна уште два гола и го декласира домаќинот со 5:2.

Прекрасен гол постигна и Џејмс Медисон, а со уште еден удар од белата точка Јури Тилеманс стави печат на прекрасната претстава на Лисиците против големиот фаворит.

https://twitter.com/FastGoal5/status/1310264755228225536?s=20

Головите за Манчестер сити ги постигнаа Ријад Марез во четвртата минута и Нејтан Аке во 84. минута.

- Оглас -

Најнови вести